На најголемата градска плажа во Струга–Машка плажа, пред Едриличарскиот Клуб Снегар, утре, 8-ми Септември, во 9 часот со дефиле на учесниците свечено ќе биде отворена манифестацијата Ден на водни спортови. Натпреварите ќе се одржуваат на посебни регатни полиња,за секој спорт одделно. За секоја дисциплина дополнително ќе бидат поделени упатства за регатирање, согласно правилата на одделните спортови.Учествуваат 90 спортисти од Струга, Охрид, Скопје и Велес.

Покрај демонстрација на вештините на едриличарство, кајакарство и веслањето, на настанот ќе бидат активни и извидниците од Крсте Јон Стуга како и Американското Катче. Најстариот извиднички одред Крсте Јон од Струга со своите највешти извидници ќе демонстрираат дел од нивните вештини од кои врзување на чворови, сигнализација(семафор и морзеова азбука), поставување шатор, како и ориентација во природа.

Американското катче Струга ќе присуствува на настанот “Ден на водните спортови – Струга 2017” каде што сите заинтересирани учесници и гости на настанот можат да добијат информации за Американското Катче, придобивките на нивното зачленување во Катчето, како што и ќе имаат можност за заедничко дружење.