Во ненадејната бура на планинскиот венец Татри во Полска и во Словачка загинаа петмина туристи, вклучувајќи и едно 12 годишно момче, а повредни се уште најмалку 90 луѓе од кои повеќето кога гром удрил врз група Полјаци кои се качувале на врвот Гевонт.

Молњата погодила група планинари кои биле на врвот на планинскиот венец Татри, кој се наоѓа на границата меѓу Полска и Словачка. На полска страна загинаа четири лица, меѓу кои две деца, додека едно лице загина на словачката страна на планината.

Очевидци велат дека бурата се појавила одеднаш, после сончево утро.