Еден ден пред да се сруши новиот мост во студентската област на Флорида, САД, инженер од техничкиот тим испратил говорна порака до колегите дека на конструкцијата се појавиле пукнатини кај сајлите кои ја држеле градбата тешка 950 тони. Но, како што соопштија властите на Флорида, пораката не jа чул никој затоа што во моментот кога била оставена вработените во градежната компанија која го градела мостот биле надвор од канцелариите.

Во уривањето на мостот загинаа најмалку 6 лица, а рушевините интензивно се расчистуваат бидејќи постои сомнеж дека под нив има уште жртви.

Мостот бил изграден пред една недела со нова иновативна метода за само 6 часа, која била развиена на универзитетoт на Флорида во 2010 година.

OhridNews