Со презентација во големата сала на општина Охрид каде на присутните ќе им се обрати заменик градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески, и велосипедско дефиле, денес, ќе се одбележи 21-ви септември, Ден без автомобили.
По завршувањетона велосипедскотодефиле ќе следуваат награди за учесниците во настанот.
Денес оставете го автомобилот дома и уживајте во возење на велосипед или пешачење, знаејќи дека ќе го направите вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина.
За Денот без автомобили во светот се резервираат една или повеќе фрекфентни сообраќајници за велосипедисти и пешаци. На тој начин се упатува силна порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот–а се што ни треба е подготвеност и волја одговорно да се однесуваме кон животната средина.












