Во рамки на вториот ден од Фестивалот на француски филм предвидени се четири проекции.

Во 16 часот, во Off програмата, ќе биде прикажан филмот Шербуршки чадори( 1964) од Жак Деми, со Катрин Денев во главната улога.

Во 17 часот и 30 минути ќе започне филмот Киднапирање ( 2009) во режија на  Лука Белво. Главните улоги ги толкуваат Иван Атал и Ан Косињи.

Во 20 часот и 30 минути ќе се прикажува филмот 7h57 АМ- PМ од Симон Лелуш. Главната улога ја толкува Рено Каписон. Предвидено е на проекцијата на филмот да присуствува и режисерот Симон Лелуш.

Последната проекција, вечерва, ќе биде филмот Гостите на татко ми ( 2010) од Ан Ле Ни. Улогите ги толкуваат Фабрис Лукини и Карин Виар.  

OhridNews