Денес во центарот за едрење, ќе се одржи прес конференција на која ќе бидат откриени повеќе детали околу организацијата на Меѓународната Илинденска Регата.
Организатор на јубилејната 40 регатата е ЕК АМАК СП Бофор додека помагатели се ЕК Стрмец и Едриличарска Федерација на Македонија.
Покровител на регатата ќе биде директорот на Агенцијата за Млади и Спорт Драган Ѓурчески.












