Во Охрид денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне до 14 степени Целзиусови. Во  одредени котлини можна е и појава на магла, соопшти УХМР.


Престанок на врнежите се очекува утре кога ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во пораст ќе биде и дневната температура која на места ќе достигне 19 степени. Сончево време не очекува и во среда, додека во четврток повторно ќе дојде до дестабилизација и врнежи од дожд кои ќе предизвикаат пад на температурите.

OhridNews