Денеска ќе бидат познати добитниците на награди од хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“. Ќе бидат доделени преку 50 награди а извлекувањето ќе ќе се изврши во 19:15 ч. во живо на следниот ЛИНК.

Преносот ќе го реализира „Мега продукција“.

Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата. – информира организаторот.

Во хуманитарната и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ оваа година беа собрани 35.521 денари, а дел од собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на нашата сограѓанка Јана Арсовска.

OhridNews