Денес официјално ќе биде отворен Младинскиот центар во Касарна Охрид (влез 1, кат 1) со почеток во 13:00 часот. Коалиција на младински организации СЕГА е избрана младинска чадор организација која ќе раководи со Центарот во период од 3 години со поддршка на Општина Охрид.

Младинскиот центар Охрид е место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите. – информираат од Коалиција на младински организации СЕГА.

На отворањето на Младинскиот центар обраќање ќе има градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, за значењето на младинските центри ќе говори Зоран Илиески – извршен директор на Коалицијата СЕГА, а целите на Младинскиот центар Охрид ќе ги презентира раководителот на МЦО Јован Цветкоски.

OhridNews