Денеска, ден пред одредениот датум за локалните избори, гласаат болните и немоќните, лицата во куќен притвор, затворениците.

Во Дебрца гласаат 38 болни и изнемоштени лица, а вкупно во избирачкиот список се запишани 3937 лица. Ќе се гласа во 22 избирачки места, додека промена на локација има само на едно 1318 кое од Црвена вода е преместено во 1315 во Ново Село.
Вкупно 296 болни и изнемоштени лица и седуммина затвореници денеска го остваруваат своето право на глас во Струга. Таму се гласа на 101 избирачки места, а според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) во избирачкиот список се евидентирани 61 956 лица со право на глас.
Во Општина Вевчани денеска ќе гласаат деветтмина болни и изнемоштени и еден затвореник. Во оваа општина правото на глас на локалните избори според ДИК ќе го остварат 2.084 гласачи на три избирачки места.
Н.С.Ј.












