Гласањето на Локалните избори 2021 започна денеска со изјаснувањето на болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица.

Во Охрид, во вториот круг од Локалните избори, пријавени за гласање денес се вкупно 311 болни и изнемоштени лица. Од вкупниот број на гласачи од оваа категорија за вториот круг, во однос на првиот круг дополнително биле пријавени 112 лица. Денес гласаат и вкупно 13 лица кои се Ковид позитивни и во изолација, информираат од ОИК Охрид.

Од ОИК Дебрца инфромираат дека во вториот круг ќе гласаат вкупно 43 болни и изнемоштени лица, односно 8 луѓе се пријавиле дополнително во однос на првиот круг, додека 2 гласачи се ковид позитивни.

OhridNews