Денес и утре интервју со кандидатите за директор во ОУ „Христо узунов“ и „Братство и единство“
13.03.12 10:05
Процедурите за избор на директори во основните училишта „Христо Узунов“ и „Братство и единство“ се во завршна фаза. Попладнево се очекува претставник од Бирото за развој на образованието и членови од Училишниот одбор од ОУ „Христо Узунов“ да извршат интервју со двајцата пријавени кандидати за директор во училиштето, по што согласно законската процедура, Училишниот одбор ќе донесе одлука кој од пријавените кандидати да го достават како предлог до градоначалникот Александар Петрески, кој го има конечниот збор за тоа кој ќе биде новиот директор на училиштето.
Истата процедура деновиве се очекува да се спроведе и во ОУ „Братство и единство“, што значи дека во најскоро време двете училишта ќе добијат нови директори.
Неодамна, беше избран нов директор и во ОУ „Григор Прличев“, каде оваа функција и беше доделена на професорката по англиски јазик, Лилјана Спировска.
Во трите училишта кон крајот на минатата година, тогаш актуелните директори поднесоја оставка, по што беа поставени ВД директори до изборот на новите.
Панел за кариера ќе се одржи на 13 октомври со почеток во 19:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид Настанот, како што посочуваат, го организираат во рамките на програмата за развој на младинс...
По повод Европскиот ден на донирање органи, Општина Струга се приклучи кон глобалната иницијатива за подигнување на јавната свест, осветлувајќи во зелена боја две значајни локации во градот, џамија...
ЈП Охридски Комуналец ги информира граѓаните дека на локацијата каде што претходно беа поставени подземните контејнери, во тек е подготовка за изградба на објект – „Зелена соба“, во кој ќе бидат по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.