Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, денес, со почеток во 12 часот во големата сала на Општина Охрид свикува јавна расправа по равојните програми на Општина Охрид за 2011 година.

На јавната расправа со свои сугестии и предлози за развојните програми можат да учествуваат заинтересираните граѓани и правните лица. Расправата е дел од постапките пред донесувањето на буџетот на Општина Охрид за 2011 година.

OhridNews