Организаторите најавија дека во езерото ќе бидат фрлени девет буриња со вино. Осум ќе бидат со бело, а едно со црвено. За оној кој ќе го фати бурето со црвено вино ќе следи и награда од 10. 000 денари.
Како и секоја година ќе се точи топла ракија и црвено вино. Годинава членовите на спортско риболовниот клуб Св.Апостол Петар и Рибарска Вистина ќе подготвуваат и рибна чорба за посетителите.
Гостите ќе имаат можност да видат и стари риболовни алати со кои некогаш се ловела рибата во езерото.