Денес во 12 часот во просториите на општинската зграда ќе им бидат врачени наградите на сопствениците на најубаво украсените новогодишни дворови и тераси во Охрид.

На годинашниот натпревар се пријавија 9 наши сограѓани, а комисија од локалната самоуправа по претходна обиколка на сите пријавени и фотодокументирање, донесе едногласна одлука за избор на најдобрите. Првото место го освои Иванка Гигер од населбата “Радојца Новичич“, второто место му припадна на Ристо Димоски од селото Горно Лакочереј, а третата награда оди во рацете на Фанија Станкоска.

OhridNews