Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска денес во Македонската акедемија на науките и уметностите ќе го соопшти името на годинашниот лауреат на 51-то издание на светски реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ . Се очекува на прес конференцијата да биде објавен и носителот на наградата за најдобра дебитантска книга на млади поети „Мостови на Струга“ која ја доделува УНЕСКО.

Инаку, од вчера министерството за култура објави нов јавен конкурс за избор на директор на оваа манифестација, кој ќе трае осум дена. На претходно распишаниот конкурс, како што информираат од надлежното министерство,  ниту еден од пријавените кандидатите не ги исполнувал во целост потребните критериуми за извршување на оваа функција.  До изборот на новиот директор, како ВД е назначена Виолета Дишлиовска, вработена како правник во СВП.

OhridNews