Во текот на денот од лабораторијата во Германија треба да пристигнат резултатите кои треба да покажат дали британскиот државјанин, кој завчера почина на Инфективната клиника во Скопје, имал ебола или не.
Од Министерството за здравство смируваат дека биле направени дополнителни епидемиолошки анализи кои покажуваат дека најверојатно не се работи за ебола.
Инаку, починатиот британски држјавнин бил сместен во хотел во трговскиот центар Мавровка. Утрината му се слушило и во тешка состојба бил однесен на Инфективната клиника, каде по неколку часа починал.
OhridNews