Во Службата за трансфузиона медицина во Општа болница – Охрид денес крводарителска акција под мотото „ДАРУВАЈ КРВ, СПАСИ ЖИВОТ, БИДИ НЕЧИЈ ХЕРОЈ“ во периодот од 09:00 до 12:00 часот.
Општинската организација на Црвен крст Охрид ја организира редовната крводарителска акција во соработка со СОСУ “Св.Кирил и Методиј” – Охрид која ќе се одржи во просториите на Службата за трансфузиона медицина-Охрид со цел обезбедување на крвните единици кои се потрeбни во овој период, велат од организацијата.
Воедно ги повикуваат средношколците сите заедно да ја покажат хуманоста на дело, да даруваат крв за оние на кои им е најпотребна.












