За денес не е планиран прекин во водоснабдувањето во централното градско подрачје информираат од ЈП Водовод Охрид.
Поради одредени компликации кои настанаа во текот на работата односно истата ја отежнa излевањето на фекалната канализација, активностите во текот на вчерашниот ден беа пролонгирани за неколку часа, велат од претпријатието.
Со цел да се подобри регулацијата и водоснабдувањето во централното градско подрачје, поврзано и со реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“ во текот на вчерашниот ден беа преземени активности од страна на екипи на ЈП Водовод Охрид, а корисниците од неколку улици од централното градско подрачје имаа неколкучасовен прекин во водоснабувањето.
OhridNews












