Денес нестабилно, од утре сончево и многу топло време
22.07.10 07:25
Денес ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи,наместа во форма на невреме, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок и сабота ќе биде сончево и многу топло, а во сабота кон крајот на денот ќе настапи позначителна промена на времето проследена со локален пороен дожд , грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме.
Максималната дневна температура денес ќе достигне до 37 степени, а во Охрид до 29 степени Целзиусови. Утре живата во термометарот ќе се искачи до 38, а во сабота до 39-от степен. Температурата од недела ќе биде во опаѓање.
Биометеоролошка прогноза
Преку денот биометеоролошките услови ќе бидат лоши. Во пладневните часови кај поголем број на луѓе можна е појава на главоболки, но и болки во колената, грбот и на вратот. Во вечерните часови можна е појава на сонливост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата.
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) работи на проширување на коловозот на патниот правец Р2234, од селото Долно Татеши до селото Мислодежда, струшко во должина од 3500 метри и вредност о...
Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана седмата стихозбирка на поетот Н...
Поради два одделни настанати дефекти, прекин во водоснабдувањето има во сЉубаништа и на улиците „Асном”, „Сирма Војвода” и „Карпош Војвода”, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочу...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.