Рекордни 2400 тркачи од 28 земји ќе земат учество на 9-то издание на Атлетскиот викенд Охрид трчат што се одржува викендов во Охрид.
Оваа година рекорден е и бројот на странски учесници во трките, што само го потврдува реномето на манифестацијата која веќе девет години гради позитивен имиџ за градот Охрид.
Годинава на Охрид трчаТ од пријавените 2.400 спортисти, 510 се полумаратонци од кои 50% се странци, а има и 70 штафети. Оваа година „Охрид трчаТ“ е добитник на сертификат за улични трки, што е показател за максимално вложениот труд и во делот на безбедноста согласно сообраќајниот проект и насоките на СВР Охрид.
Поради трките кои стартуваат во 8:15 и 9 часот, денеска во Охрид ќе има времен режим на сообраќај во периодот од 8 до 11 часот.
Г.М.