Денес во 17.15 часот, во Македонија и на северната хемисфера, почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Првиот пролетен ден во Македонија трае 12 часа и 5 минути. Пролетта ќе трае до 21 јуни во 11.07 часот кога календарски почнува летото.

Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 24 и 25 март кога стрелките од часовникот треба да се поместат еден час нанапред.

OhridNews