Денес, со почеток во 19 часот и 30 минути во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе биде изведена новата театарска претстава „ Самовилата од напуштениот замок“  од охридското  детско  драмско студио „Мулти Култи“ . Адаптацијата и режијата на претставата се на Ташко Лаброски.

Како што објаснува Лаброски, замокот го симболизира патријархалното семејство каде што децата не се пуштаа надвор да уживаат во детската игра поради стравот од пороците.Од пороците можат да се заштитат само со добро воспитување, а не со забрана. Претставата нуди многу музика и детска игра.

Во претставата играат членовите на  „Мулти Култи“:  Сара Ристоска, Теодора Настоска, Христијан Јанески, Милена Костоска, Марија Бошнакоска, Ерол Брзев, Филип Лозаноски, Еди Решад, Климент Маркоски и Ирена Николоска. Во претставата ќе настапат и членови во студиото за модерен и класичен балет „Визави“.

OhridNews