Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен северен ветер, а максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 19 степени Целзиусови.

Како што информираат од УХРМ, во текот на утрешниот ден ќе има услови за локален краткотраен дожд проследен со грмежи, додека во четврток и петок не очекуваат сончеви периоди и променливо облачно време.

OhridNews