Денес прва рунда од преговорите за распоредот за Мундијалот 2014
23.11.11 00:05
Македонска делегација на чело со претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески, потоа генералниот секретар Игор Климпер и селекторот Џон Тошак денеска во Брисел ќе присуствуваат на состанокот со претставниците на репрезентациите од 1 Група во квалификациите за СП 2014 г. на кој ќе се обидат да го договорат распоредот на натпреварите. Покрај Македонија, во групата уште се Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска и Велс.
Тошак кој на неговата инагурација напомена дека негов приоритет ќе биде пласманот на Мундијалот во Бразил 2014 година, беше таинствен околу неговите желби пред престојната ждрепката за распоредот на натпреварите од квалификациите . –Јас сум бил на неколку такви средби кога бев селектор на Велс, и многу е тешко да се договори распоредот на првата средба. Така што најчесто УЕФА е таа што на крајот ќе пресече. Истото тоа го очекувам и сега бидејќи Србија, Хрватска и останатите ќе имаат свој план. Ова се репрезентации кои што имаат свои желби и планови и не очекувам поволен резултат – истакна селекторот Тошак за време на подготовките на репрезентацијата во Охрид.
Претседателот на ФФМ, Хаџи-Ристески, исткана оти со селекторот имаат изготвено концепт, но смета дека најголем проблем во договорите ќе биде хрватската делегација. – Имаме конкретен план со селекторот, направивме некој концепт кој сметаме дека би ни одговарал, но секако дека треба тој план да се совпадне со другите федерации. На претходниот циклус не можевме да направиме договор, Ирска не отстпуваше од своите барања и со ждрепка беше одредн како ќе се играат натпреварите. Хрватите се малце незгодни за договор и не отстпауваат од своите идеи, но ние ќе праобаме да направиме договор,ако не ќе одлучи ждребот во ФИФА, на сите досегашни натпреварување сме успеале да постигнеме договор. Како и да е со сите треба да ги одмериме силите – рече претседателот на ФФМ Хаџи-Ристески.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...