Светскиот ден на театарот е востановен во 1962 година и денес се одбележува во стотина земји од националните театарски институти. Секоја година истакната личност од театарот пишува меѓународна порака во име на Интернационалниот театарски институтот, што УНЕСКО го формирал во 1948 година. Таа се преведува на повеќе од 20 јазици и им се чита на гледачите пред почетокот на претставите во театрите низ светот. Македонскиот театарски институт се придружи на одбележувањето во 1997 година и оттогаш и личност од областа на театарот во Македонија пишува национална  порака, која заедно со светската се чита на денот на театарот.

Годинава, националната порака ја напиша режисерот Александар Поповски. Во неа, Поповски театарот го нарекува театар на слободен пад – територија ослободена од законите на гравитација и законите на општеството.

Ohridnews