Денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од кои пет од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија, информираат од Министерството за здравство.

На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти. Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, велат.

Воедно, посочуваат дека дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација, додаваат.

OhridNews