Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло. Според Управата за хидрометеролошки работи, во попладневните часови, во западните подрачја ќе има услови  за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.


Температурата ќе се движи од 28 до 38 степени, а индексот на УВ зрачењето  ќе изнесува 9. Во Охрид според прогнозата, живата на термометарот ќе се искачи до 31 степен.

Слично време не очекува и во текот на наредните денови, вклучувајќи го и викендот, за кога метеролозите предвидуваат просечна темература од 36 степени.

OhridNews