Во Охрид денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во западните делови од земјата ќе има услови за краткотраен дожд. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 28 степени, а индексот на УВ зрачење ќе изнесува 8, информираат од УХМР Македонија.

Според прогнозата утре ќе настапи блага дестабилизација која ќе донесе врнежи од дожд. Повеќе сонце ќе има од среда кога температурите на места ќе се искачат до 33 степени Целзиусови.

OhridNews