Од денес до 4- ти септември во Македонија ќе престојуваат дваесеттина интернационални туроператори кои ќе посетат неколку места во земјава.

Од Албанија во Македонија групата вечерва ќе пристигне преку граничниот премин Свети Наум , каде што ќе бидат пречекани од Кристијан Џамбазовски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. По преминувањето на границата групата и директорот Џамбазовски ќе патуваат на велосипеди до манастирот Св. Наум, каде ќе присуствуваат на вечера за добредојде во ресторанот Острово.

Целта на посетата на туроператорите во рамки на “Неделата на авантури” е промоција на Македонија како дестинација за активен туризам пред највлијателните туроператори и медиуми од Северна Америка и Европа, со цел зголемување на бројот на странските туристи во земјата. Туроператорите ќе воспостават врски со бизнисите од секторот туризам во земјата за во иднина да можат да продаваат патувања до Македонија.

Турата на Македонија е дел од поширока тура на западниот Балкан, наречена Adventure Week Western Balkans , која вклучува патувања низ Косово и Албанија.

OhridNews