Денес, со почеток во 16 часот во црквата „Св. Георгиј“ во Струга ќе се одржи вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, по што ќе се одржи традиционалната Еордија – литија со светите мошти од Свети Георгиј и неговата чудотворна икона.

Древната струшка духовна традиција, беше обновена пред неколку години и збогатена со присуството на моштите на Св. Георгиј Победоносец.

OhridNews