Охрид деновиве е домаќин на 19- та по ред Домијада, која е во организација на Здружението на директори на ученичките и студентските домови во Република Македонија.

Освен натпреварувачки дел, во рамки на Домијадата се одржуваат и дискусии и ликовна колонија, а годинава манифестацијата доби и меѓународен карактер и на неа учествуваат гости од неколку странски земји, рече Блаже Митев, претседател на Здружението на директори на студентските и ученичките домови.

–  Последните неколку години се покажа како добра формула Домијадата да се одржува во Охрид, каде ги дочекуваме гостите од неколку други земји со кои разговараме околу стандардот во студентските домови. Оваа година темата на тркалезната маса е „Животот и подобрување на условите во студентските и ученичките домови“, информира Митев.

Годинава на Домијадата учествуваат 250 учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Црна Гора, Германија.

Се очекува денес манифестацијата со пригодна свеченост да биде завршена.

OhridNews