По повод месецот за превенција од рак на дојка денес ќе се одржи настанот насловен „Време е за допир-почни од себе“.

Зборуваме гласно за важноста од раното откривање на ракот на дојка. Потсетуваме колку е важна превенцијата: превентивните прегледи, самопрегледите и континуираната едукација. Даваме поддршка на жените кои ја извојувале битката и денес таа е минато, но уште повеќе на оние кои денес ја водат војната со болеста, информираат од Здружението на лица со дијабет од Охрид.

Пред присутните, посочуваат, ќе се обрати д-р Тони Чифлигароски, а за своите искуства од справувањето со болеста, периодот после откривање на истата и со пораки кои инспирираат, ќе се обратат жени-борци, говорнички.

За присутните ќе има и мали изненадувања, ќе има и лотарија и тивка аукција, со цел настанот да ја покаже и човечката димензија и одредена сума на пари да бидат донирани на жена која во моментот поминува тежок период, со цел да знае дека има поддршка и не е сама, потенцираат.

Настанот ќе се одржи во Порта со почеток во 17 часот.

OhridNews