По две одложување на термините за одржување на Охрид трчаТ Детска трка поради неповолните временски услови, организаторите најавуваат дека истата ќе се одржи денес со почеток во 11 часот на градски стадион “Билјанини Извори”.

Станува збор за неформална трка каде сите учесници (првачиња) ќе истрачаат 100 метри поделени во групи. Оваа трка нема победници на оваа трка сите се победници како што и требиТ кога станува збор за дечиња од 6 години. Учеството на трката е секако бесплатно и за сите учесници АК Охрид трчаТ обезбедува маица, медал (финишер), вода и секако подароци од партнерите на детската трка, велат организаторите.

Ни претставува особено задоволство што сите заедно ќе организираме преубав спортско-детски настан на кој ќе го промовираме спортот, дружењето, здравата животна средина, здравиот начин на живот и секако градењето на повисока свест за спортување. Оваа година Охрид трчаТ Детска трка нашите најмали учесници ги запознава и со нашето историско и културно богатство во Охрид, односно со „Куќата на Робевци“ која датира од 1825 година, потенцираат.
OhridNews











