Денешниов 21-ви декември, ќе биде најкраткиот и најмрачен во последните 372 години, предвидуваат научниците. Тоа се должи на фактот што на првиот ден од зимата ќе се случи  целосно затемнување на полна месечина.

Затемнувањето ќе трае околу три и пол часа, од што 72 минути ќе биде целосен мрак. На Балканот затемнувањето се очекува околу 7.30 часот. За време на затемнувањето месечината ќе поприми црвена нијанса.

Затемнувањето најдобро ќе го видат жителите на Северна Америка.

Последен пат целосно затемнување на полна месечина на првиот ден од зимата имаше во 1999 година, а следното ќе се случи во 2094 година.

OhridNews