Во Охрид денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималната дневна температура ќе достигне до +23 степени Целзиусови.


Викендов Македонија ќе биде под влијание на влажна воздушна маса. Ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а утринските и дневните температури ќе бидат во опаѓање. Во сабота минималната температура ќе се движи од 7-15, а дневната до 22 степени. Во недела утрата ќе бидат уште посвежи со температура на места до 4 степени степени, додека максималната дневна нема да биде повисока од 15 степени Целзиусови.

OhridNews