Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала локална облачност. Максималната дневна температура ќе достигне до +32 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.


Сончево и многу топло време ќе се задржи и во наредните два дена, кога температурата на места ќе се искачи и до +37 степени.

Поради невообичаено топлото време за овој период од годината и неопременоста на училиштата со разладни системи, Министерството за образование донесе одлука во наредните три дена наставата да се одвива со скратени часови.

OhridNews