Денешниот датум 11.12.’13 според астролозите и нумеролозите е посебно моќен и може да означи нов почеток во образованието, кариерата, а за оние кои имаат такви желби и планови дури и добивање на деца.

Како што пренесува „Макфакс“, единаесеттиот ден од дванаесеттиот месец во тринаесеттата година во милениумот е очигледно посебен и станува збор за последен ден којшто во себе има три последователни броеви во следните 90 години.

Само бројот 11 е доволно силен бидејќи се однесува на близнаци, па оние кои очекуваат дева може да се надеваат на тоа.

Астрологот Дајвигн Шарм вели дека денешниот датум е идеален за започнување на долгорочни планови.

„Ако некој планира да се занимава со градење, да ѕида куќа или хотел, болница, училиште денеска е прав момент. Исто така, оние кои се заглавени во некоја долга судска постапка, новиот почеток би можел да направи чуда. За професионалците, тоа е датум за покренување на брилијантни нови идеи“ вели Шарм.

Кога ќе се соберат цифрите од датумот 11.12.’13 се добива бројот 9 кој се смета за среќен во Индија и Кина и носи долговечност.

Илјадници парови низ светот планираат да се венчаат денеска, бидејќи веруваат дека бракот ќе трае подолго.

Првиот следен датум којшто содржи последователни броеви е 1.2.2103(1/2/3), а потоа следува 22.2.2122 (22/2/22).

Меѓу датумите за паметење се 12-12-12, 12 декември 2012, 1-1-11, 1 јануари 2011, 1-11-11, 1 ноември 2011, 11-11-11, 11 ноември 2011 и 22-11-00, 22 ноември 2000.

ОhridNews
извор:„Макфакс“