Меѓународниот ден на волонтерите, Црвениот крст од Охрид го одбележа со промоција на Стратегијата за волонтерство. Во светот само 13 проценти од земјите, меѓу кои и Македонија ја имаат усвоено оваа стратегија.

„Волонтерството не треба да се сфаќа како работа за материјални придобивки, туку како работа на добра воја и желба да им се помогне на ранливите категории луѓе“, изјави по повод овој ден, претседателот на Црвен крст -Охрид, Сашо Точков.

Според него, волонтерството е сила која креира и развива, а таквиот дух е присутен и кај повеќе од 1000 ентузијасти во општинската организација, од кои 870 се активни.

Црвениот крст како мајмасовно хуманитарно движење, во светот брои околу 130 милиони волонтери. Според податоците од 2004 година, во Македонија се регистрирани  повеќе од 5 илјади волонтери, но како што вели Сашо Точков, нивниот број постојано расте.

Законот за волонтерство во Република Македонија е усвоен на 2 јули 2007 година. Покрај него, постојат уште три подзаконски акти кои ја третираат оваа проблематика.

Ohridnews