Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 aприл и се слави споменот на Преподобен Јован.
Ученик на Св. Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес царот Лав Ерменин го подложи Св. Јован на маки заедно со неговиот учител Григориј и со Св. Јосиф Песнописец. Кога Св. Григориј го заврши својот земен живот, Јован стана игумен на Декаполитовиот манастир во Цариград. Штом стана игумен, заради Царството Божјо тој го удвои својот подвиг. Се упокои мирно околу 820 година. По смртта Св. Јосиф го погреба близу до гробот на неговиот учител Св. Григориј.
Тропар
Блажен си ти, Јоване преподобен, радост на великиот Григориј – твојот учител, смирен по срце, сотрудник на Јосиф, славејот на Духот Пресвет. Црквата ликува денес при споменот на животот твој свет, кој е радост на ангелите, посрамување на демоните, а за нас по твоите молитви – пат кон спасение.
Во седиштето на УЕФА денеска беше извршен ждребот за 1/16 финалето од Лигата на шампионите По драматичниот расплет во последното коло од групната фаза и голот на Трубин против Реал на истекот од вр...
Со цел унапредување и развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица преку ангажирање на стручен и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира обука за негувател/ка за помош и нега на...
Стручен настан за доктори на медицина – 2026 „Аутизам од дијагноза до достоинство“ ќе се одржи утре во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид со почеток во 13 часот во организација на Здружението на ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.