Се подвизуваше во т.н. Ветха Пешчера или Лавра на Харитон Велики во Палестина. Бидејќи со сето срце, со сиот ум, со целата своја душа Го возљуби Христа, од младоста почна да патува по Светите места и да ги слуша поуките и советите на светите луѓе.

Тропар
Со поглед кон Небесата подигнат, свети Јоване преподобен, душата твоја се напои со благодат врз благодат, трудот и воздржанието ги умртвија страстите на човечкото тело, земен ангел постанувајќи, на Бога Му угоди, Кој не ги презре твоите молитви, затоа и сега за нас застапи се пред Оној Кој мирот Свој тебе ти го подари.
OhridNews











