Овој светител потекнуваше од римско благородничко семејство. Од малечок го имаше засакано Бога со целото срце и со целиот ум.

Свети Алексиј дојде во домот на родителите, кои му дадоа да живее во една шупа близу куќата, бидејќи не го беа познале. Таму Алексиј проживеа уште 17 години и мирно се упокои. Кога го открија телото, родителите во неговата рака најдоа едно ливче од кое дознаа дека тоа е нивниот син Алексиј. Тој беше толку близок до Бога, што продолжи да чудотвори и по неговата телесна смрт.
OhridNews











