На денешен ден се празнува споменот на Св. Наум Охридски (летен Св. Наум).

Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил.Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луге претежно душевно болни. Познат е и како чудотворец бидејки направил и многу чуда, а некои од нив се претставени и на фреските од неговиот манастир како таа на која Св. Наум ги впрегнал заедно волот и мечката да ораат.

Традиционално голем број верници од Охрид и околните градови во текот на ноќта пристигнаа во манастирот Св. Наум каде денеска се одбележува празникот посветен на големиот светител.
OhridNews











