Во прво време Матиј беше цариник или митник во Палестина. Римската држава во тоа време веќе имаше обичај порезите во освоените области да ги дава под закуп без потоа да се грижи за начинот на кој се собира порезот, ниту за неговата висина. На тој начин на собирачите на порезот од власта им беше оставена голема слобода во угнетувањето на народот.

После слегувањето на Светиот Дух над апостолите, тој беше избран за апостол наместо самоубиецот Јуда. Подоцна проповедаше во Јудеја, во Мала Азија и на Исток, а постада маченички во Ерусалим, убиен со камења.
OhridNews











