Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 август и се празнуваат Св. патријарси Александар, Јован и Павле. Сите овие беа патријарси на цариградската катедра во разни времиња.

Првиот, Александар, во времето на цар Константин, а се упокои во 340 година на свои 98 години. Свети Јован Посник беше патријарх во шестиот век. Последниот, Павле, раководеше со цариградската црква во осмиот век во тек на осум години, а потоа се повлече од престолот во тихување. Имено, сметаше дека не е достоен да раководи со Црквата како таков кој едно време беше приклонет кон ереста на иконоборството.

 

OhridNews