Денеска е Св. свештеномаченик Корнилиј (Препразненство на Крстовден)
26.09.24 09:08
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 септември и се слави споменот на Св.свештеномаченик Корнилиј (Препразненство на Крстовден).
Тој беше Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Беше прв од незнабожците кои и пристапија на Божјата црква. Откако се крсти Корнилиј остави се и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј.
Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив и мирно се претстави кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен. Но, светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да се подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј.
Пренасочување на сообраќајот поради градежни работи кај клучката Подмоље во периодот кој следува најавуваат од СВР Охрид Поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај...
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот охридски теквондист Ненад Целески, кој освои златен медал на Балканското теквондо првенство, кое се одржа неодамна во Дупница, Бугари...
Мозочниот удар е една од водечките причини за смрт и траен инвалидитет во светот, но важно е да се знае дека од него не се поштедени ниту најмладите Свеста за овој проблем е клучна, особено кога ст...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.