Денеска е Св. свештеномаченик Корнилиј (Препразненство на Крстовден)
26.09.24 09:08
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 септември и се слави споменот на Св.свештеномаченик Корнилиј (Препразненство на Крстовден).
Тој беше Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Беше прв од незнабожците кои и пристапија на Божјата црква. Откако се крсти Корнилиј остави се и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј.
Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив и мирно се претстави кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен. Но, светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да се подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј.
Второто коло од турнирот во футсал – OHRID FREED 2025 донесе одлични натпревари со вистински спортски дух Резултати од второто коло: АСП ПАК : Костал Македонија – 3:0 (службено) ТАВ Македониј...
Иницијативата „Збогум Буково“ започна со подготовка на училиштата за селекција на отпадот како дел од активностите за спроведување на Планот за управување со отпад којшто се спроведува во Југоисточ...
Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи Вчера околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.