Василиј, епископот на град Амасија, пострада како жртва на повампиреното паганство заради личните страсти на Ликиниј, кој царуваше со поделената Римска империја во почетокот на четвртиот век заедно со светиот цар Константин Велики.
Ликиниј, кој лицемерно дури и ја прими христијанската вера, беше оженет за сестрата на Константин. Но, се запали со страст кон некоја прислужничка на дворот, по име Глафира, христијанка, која мораше да избега од главниот град за да се спаси од страста на царот. Отиде во Амасија, а таму ја прибра локалниот епископ Василиј. Во тоа време во Амасија се градеше првата црква и во таа прилика Глафира и напиша писмо на својата заштитничка, царицата Констанца, молејќи ја да ја помогне изградбата. Оваа одговори со писмо, кое падна во рацете на мажот и Ликиниј.
Кога Ликиниј дозна за местото каде се беше прибрала Глафира, по логиката на својата паганска природа се разгневи и испрати луѓе да ја доведат во престолнината, заедно со епископот. Во меѓувреме Глафира се упокои, а во Никомидија беше доведен само Василиј. Царот го изведе на суд зашто ја прикривал Глафира и заради својот лажен мотив го осуди свети Василиј на маки, а потоа и на смрт. Тој беше обезглавен и фрлен во морето.
Син Веириин од племето Исахарово Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави Му упати многу укорувања н...
Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сѐ друго што стана, се уплашија многу и г...
Православната црква денеска го одбележува споменот на Преподобниот маченик Лукијан, презвитер антиохиски, Преподобен Ефтимиј Новиот и на Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици Житие ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.