Зборот маченик е превод на грчкиот мартис, што значи сведок. Значи, мачениците се сведоци, кои со својот чудесен живот сведочат за една божествена стварност што им е достапна на луѓето. А тие што со животот покажале посебно сведоштво за распнатиот и воскреснат Христос, Црквата ги нарекува великомаченици. Таква беше оваа света Анастасија, по потекло римјанка од виден род. Таа ги поднесе сите неприлики со својот маж, незнабожец, ја поднесе тежината на затворот и во сето тоа не престана да ги помага затворениците и сите што се наоѓаа во некоја мака. Заради таа своја вина од римските управници свети Анастасија беше наградена со смрт, а од Христа со живот во неговите вечни живеалишта. Свети Анастасија пострада во 290 година.
Денеска е Св. великомаченица Анастасија
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com
Поврзани вести
03.11.25 09:19
Свети Иларион МегленскиСвети Иларион Мегленски, еден од македонските светци, борец против разните ереси во Македонија и посебно во мегленската област е роден во Цариград Неговите родители биле од видна фамилија но несреќ...
01.11.25 09:04
Преподобен Прохор ПчинскиМакедонската православна црква денеска го празнува празникот „Свети Прохор Пчински и пренос на мошти на СвЈован Рилски“ Житие за Преподобен Прохор Пчински Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покаж...
01.11.25 08:41
Митровденска задушница – спомен за починатитеПравославните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат...










