Во времето на царот Декиј, Исидор беше насила земен во војска од островот Хиос. Од малечок се држеше за Христовата вера и животот го минуваше во пост, во молитва и во добри дела.
Во војската штом се прокажа како христијанин, војводата му побара одговор и го советуваше да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите. Светителот одговори: „И телото да ми го убиеш, над мојата душа немаш власт. Јас Го имам вистинскиот и жив Бог Исус Христос, Којшто и сега живее во мене и по мојата смрт ќе биде со мене и јас сум во Него и ќе останам во Него и нема да престанам да го исповедам Неговото Свето име дури е духот во моето тело“. Војводата нареди и најпрво го биеја Исидор со воловски жили, а потоа му го отсекоа јазикот. Но и без јазик Исидор со Духот Божји говореше и го исповедаше Христовото име. Војводата пак, го постигна Божја казна и одеднаш онеме. Нем најпосле даде знак да го убијат Исидор со меч. А Исидор се зарадува на пресудата и фалејќи Го Бога најпосле излезе на губилиштето, каде што му ја отсекоа главата, во 251 година. Неговиот другар Амониј го погреба неговото тело, но за ова и самиот пострада и прими венец на мачеништво.
Тропар
Радувај се, Исидоре, свети мачениче, кој Божјата волја во срцето и умот свој ја укотви, животот во рацете Христови го положи, за нас застапи се, свет војниче, кои денес го празнуваме светиот твој спомен, и на твоите молитви се надеваме.
ГРК Охрид го совлада Куманово со 37:17 во натпреварот од 9 коло од Супер лигата што се одигра денеска во салата “Билјанини извори” “Гладијаторите” резултатски се одлепија уш...
Денес во ОУ „ООУ Братство Единство“ Охрид се одржа X Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2025 кадети на кој учество земаа ученици од 6 до 9 одделение од основните училишта од Општина Охрид во организа...
Од недела, 26-ти октомври 2025, почнува зимскиот распоред на летање на Аеродромот Св Апостол Павле Охрид и ќе трае до 27-ми март 2026 На аеродромот Св Апостол Павле-Охрид ќе оперираат три авиопрево...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.